По 25-годишна верност, легендата на Баерн Минхен, Томас Милер го напушта клубот и продолжи во тимот од МЛС лигата, Ванкувер Вајткапс. Но, како што стојат работите Милер планира да се збогува со Баерн како што доликува на еден од најголемите фудбалери во историјата на клубот.
Имено, Германецот планра хуманитарна аукција и големо изненадување за навивачите. Според информациите на аукција ќе се најде вистински колекционески предмети, како опрема која ја носел Милер во натпреварите, меѓу кои се копачките кои „Адидас“ му ги дизајнираше за рекордот по бројот на настапи во Баерн.
Се открива дека ќе има уште многу уникатни предмети како корнер знаменцето од неговиот последен натпревар против Минхеглабдах, но и за склуптура на Милер во неговаа приодна големина.
Во хуманитарната акција исто така се придружиле и неговите поранешни соиграчи: Мануел Ноер, Сача Бој и Жоао Палиња кои донирале свои предмети.