Милер, фудбалер со многу таленти, ама не и за изведување на корнер (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Баерн Минхен
обезбеди минимална победа синоќа кај Шалке 04, а со тоа „Баварците“ се чекираа
во полуфиналето од германскиот куп, со единствениот гол на Кимих кој беше
доволен за победа.

Сепак, една доста
интересна ситуација од мечот во Гелзенкирхен го одбележа мечот во германскиот
куп, а за тоа се погрижи Томас Милер кој ги одигра сите 90 минути од
пресметката.

Баерн Минхен доби
прилика да го нападне голот на домаќинот од корнер, меѓутоа иако почна да се
оддалечува од таа задача, на крајот Милер се врати за да го изведе тој прекин,
а брзо потоа зажали откако следеше катастрофална реакција од негова страна.

На социјалните
мрежи секако почнаа да се шегуваат на сметка на Милер, за кого велат дека е
фудбалер со многу таленти, меѓутоа не и да изведе од корнер…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×