Џошуа Зиркзе има одлична сезона во дресот на Болоња, па напаѓачот го привлече вниманието на многу клубови и се очекува летоска да направи трансфер вреден преку 50 милиони евра.
Денешното издание на Газета дело Спорт пишува за миланско дерби на трансфер пазарот, Интер се приклучил во трката за услугите на 22 годишниот Холанѓанец.
„Нероаѕурите“ планираат да го понудат младиот Валентин Карбони како дел од зделката, а ќе го искористат и Џовани Фабијан за дополнително да ја намалат цената.
Имено, Џовани Фабијан е фудбалер на Болоња, но Интер има опција во 2025 да го врати во своите редови за 12 милиони евра, и во меѓувреме, играчот не смее да биде продаден на друг клуб.
Па новиот шампион на Италија е подготвен да се откаже од оваа опција во замена за неколку милиони екстра попуст.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.