Милан завзема поцврст став, испратен нов ултиматум до Донарума

by
1 минути читање

Џиџо Донарума на маса има нов договор и годишна плата од речиси 5 милиони
евра, но суперталентираниот голман се уште нема одлучено дали ќе ја продолжи верноста
кон Милан.

Проблем се барањата на неговиот агент Мино Рајола за вметнување на серија
клаузули, кои би се активирали доколку „Росонерите“ не се пласираат во Лигата
на шампионите.

Милан не сака подготовките за новата сезона да ги започне со неизвесност
околу голманската позиција, па лидерите на клубот испратиле нов ултиматум до
Џиџо Донарума.

Клубот од Сан Сиро бара да биде донесена одлука до 16. јуни, односно пред голманот
да отпатува со младата репрезентација на Италија на Европското првенство во
Полска.

Медиумите од Италија претходно пишуваа дека Милан му порачал на Џиџо Донарума дека ризикува цела година да седи на трибини доколку не стави потпис на нов договор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани