118
Милан добро го почна мечот со Парма, лошо го заврши, натпреварот заврши нерешено 2-2, росонерите загубија уште два бода.
Милан поведе по 12 минути игра со гол на Салемакерс, а 13 минути подоцна Леао погоди од пенал за предност од 2-0.
Во судиското продолжение од првото полувреме Парма го намали резултатот со гол на Бернабе и се врати во игра.
По 15 минути игра во второто полувреме нов гол на Парма, Дел Прато реализираше за 2-2, што беше и конечен резултат.