Милан водеше со 2-0 на Сан Паоло, на крајот Наполи се радуваше на победа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Многу возбуда,
пет гола и победа за Наполи во вториот денешен натпревар од Калчото. Милан, кој
не настапи во првото коло откако мечот со Џенова беше одложен по големата
трагедија и урнатиот мост, вечерва го имаше својот прв меч од новата сзона и
започна одлично.

Бонавентура
донесе предност на гостувањето на Сан Паоло во 15. минута, а гостите на стартот
од вториот дел стигнаа и убедлива предност од 0-2 преку Калабрија.

Наполи сепак не
се откажа, Зјелински во 53. минута ги врати домаќинтие во игра а истиот играч
донесе 2-2 во 67. минута. Избраниците на Анчелоти потоа ја искористија
психолошката предност и со голот на Мертенс во 80. минута стигнаа до три бода.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×