Милан во половина час го реши дербито со Наполи, Елмас доби 20 минути (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Милан славеа победа во дербито на колото против Наполи со 2-1 и така се израмнија на врвот со големиот ривал по пет кола.

Милан тргна напаѓачки во натпреварот и тоа им се исплатеше веќе во третаата минута когаа Салемакерс погоди за 1-0. Се играше 31. минута кога асистентот при првиот гол, Кристијан Пулишиќ сега стрелаше за 2-0.

 

Со предноста од два гола „росонерите“ заминаа на пауза. Во 57. минута Милан остана со фудбалер помалку откако беше исклучен Мањан, а Де Брујне по еден час игра од пенал намали на 2-1.

Имааше иницијаива Наполи до крајот, меѓутоа до гол за бод не дојде. Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас во игра влезе во 72. минута, токму на местото на Де Брујне.

Милан се израмн со Напол со 12 бода, а исто толку има и Рома, Јувентус е четврти со 11.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×