Како што е
познато, за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Пјер-Емерик Обамејанг, германските
медиуми пренесоа дека самиот фудбалер побарал да остане уште најмалку една
сезона во клубот.
Денес стигна официјална потврда од Челси дека е постигнат договор за ангажман на Алваро Мората, па така двете опции кои беа во игра за Милан за засилување во нападот
пропаднаа.
Онаа третата, се
чини и најверојатно остварлива е Андреа Белоти, напаѓачот на Торино, еден од
најбараните фудбалери на европскиот трансфер пазар ова лето.
Италијанските
медиуми пренесуваат дека Милан влегува во нова офанзива за ангажман на Белоти,
позната е и нивната стратегија со која би настапиле во овој случај.
Според пишувањата
во Италија, се вели дека Милан подготвува понуда од 60 милиони евра, 40 милиони
евра кеш и додатно се вметнати Габриел Палета и М’Баје Нианг, фудбалери за кои стратегот од клупата
на Торино, Синиша Михајловиќ има одлично мислење во однос на нивниот квалитет.
„Калчомеркато“
пишува дека наредните 24 часа ќе бидат од голема важност во преговорите помеѓу
Милан и Торино.
Доколку тимот на Белоти побара 90 милиони евра, во тој
случај „росонерите“ целото свое внимание ќе го пренасочат кон напаѓачот на
Фиорентина, Никола Калиниќ, ако се земе во предвид дека на адреса на Хрватот
има стигнато големи пофалби од Винченцо Монтела, тренерот на Милан, нема да
зачуди втората опција да биде лесно остварлива за тимот од Милано.