Милан во Челси го најде засилувањето за нападот, но не е напаѓач каков што се најавуваше

by bojan
1 минути читање

Неколку извори вечерва објавија дека Милан си подал рака со Кристофер Нкунку и наскоро ќе биде доставена понуда до Челси вредна околу 30-40 милиони евра.

Игли Таре на почетокот од преодниот рок изјави дека ангажман на напаѓач ќе биде помеѓу приоритетите ова лето и посочи дека Милан ќе бара класичен голгетер, некој во стилот на Оливие Жиру.

„Росонерите“ се поврзуваа со неколку имиња, а последните информации велат дека клубот од Сан Сиро си подал рака со Кристофер Нкунку и ги договорил личните услови на Французинот.

Наскоро ќе биде доставена понуда до Челси, се шпекулира со предлог вреден помеѓу 30-40 милиони евра.

Останува да се види дали ќе падне договор за трансфер, но Кристофер Нкунку не е профил на играч кој Игли Таре го најави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×