Милан влезе во преговори со капитенот на Манчестер Сити!

by 24 фудбал
1 минути читање

Кајл Вокер го изненади раководството на Манчестер Сити откако најави дека сака да замине од клубот.

Пеп Гвардиола потврди дека десниот бек сака да си оди, а можно е да замине уште во јануарскиот преоден рок. Вокер е незадоволен од минутажата и сака да игра повеќе, па бара опции за иднината.

Како една од нив се појави екипата на Милан. „Росонерите“ влегоа во разговори со агентот на Вокер и Манчестер Сити за потенцијален потпис со искусниот фудбалер уште во овој преоден рок.

Доколку се пресели во Италија јасно е дека Вокер ќе мора да ја смали својата висока плата која ја ужива во англискиот првак.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани