Милан влегува во битката за Зиркзе, но има две пречки

by bojan
1 минути читање

Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан ќе и конкурира на Рома за потписот на Џошуа Зиркзе, но има две пречки за реализирање на зделката.

Изминатиов период често се пишува за враќање на Џошуа Зиркзе во Серија А, Рома прави конкретни чекори за негов ангажман.

Но како што пренесува Газета дело Спорт, Милан ќе и конкурира на „волчицата“ за потписот на Холанѓанецот.

Сантијаго Химнез не ги оправда очекувањата, слично како и Кристофер Нкунку, па „росонерите“ сакаат да донесат нов голгетер во јануари.

Џошуа Зиркзе е при врвот од листата со желби, но има две пречки за реализирање на зделката.

Првата се условите, односно Манчестер јунајтед сака позајмицата да биде со обврска за трансфер доколку биде обезбеден настап во Лигата на шампиони (сумата е поставена на 35 милиони евра), додека пак Милан преферира за позајмица со опција во целост да биде купен напаѓачот.

Второ е тајмингот на зделката, односно поради Купот на Африкански нации и настапот на Мбеумо и Диало, „ѓаволите“ немаат намера да го пуштат Зиркзе на почетокот од јануари, трансферот може да се реализира само на крајот од преодниот рок.

Клубот од Сан Сиро исто така има и други опции како Никлас Филкруг од Вест Хем и Мауро Икарди од Галатасарај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×