1,2K
Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Касемиро е една од целите на Милан во летниот преоден рок.
Касемиро беше фантастичен во Реал Мадрид, но не игра во истата форма и во Манчестер Јунајтед.
Но, Милан верува дека Бразилецот во нивниот тим би можел да го крене нивото на перформанси и би бил многу значаен дел од тимот.
Манчестер Јунајтед би се сложил да се ослободи од Касемиро, но проблем би можела да претставува неговата голема плата која ја добива на Олд Трафорд, а која Милан сигурно нема да му ја понуди.