179
Составот на Милан
во целост го надигра СПАЛ и обезбеди убедлива победа од 3-0 пред своја публика
во дуелот помеѓу овие две екипи во рамките на осминафиналето од Купот на
Италија, а домаќините уште во првото полувреме најавија победа.
Милан најпрво го
доби првото полувреме со 2-0, за веќе во второто со еден гол и да ја потврди
победата со која закажа пресметка со Торино во четвртфиналето.
Пјонтек во 20.
минута го постигна водечкиот гол за „Росонерите“, а на една минута пред истекот
на регуларните 45 минути игра Кастиљехо го дуплираше водството на домаќините на
2-0, по асистенцијата на Пјонтек.
Конечниот исход
на мечот во Милано го постави Ернандез со својот погодок во 66. минута.