Милан со убедлива победа се враќа од Болоња (ВИДЕО)

by riste
0 минути читање

Росонерите ја победија Болоња со 3-0 на нејзин терен и го продолжија сонот за Скудетото оваа сезона.

Момците на Масимо Алегри поведоа уште во 20. минута кога Лофтус-Чик искористи грешка на одбраната на Болоња и му донесе водство на Милан од 1-0.

20 минути подоцна Нкунку од пенал ја дуплираше предноста на Милан. Со позитива од 2-0 заминаа на одморот.

По само три минути игра во вториот дел Рабио постигна гол и ги постави конечните 3-0 за Милан.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×