Милан не игра на потребното ниво на стартот од новата сезона, па со оглед на тоа дека беа инвестирани преку 220 милиони евра за 10 нови играчи, сериозно се „тресе“ столчето на Винченцо Монтела.
И покрај тоа што лидерите на клубот велат дека имаат верба во стратегот, медиумите продолжуваат да пишуваат дека „Росонерите“ разгледуваат наследници за популарното „Авионче“.
Во последно време се говори дека високо на листата со желби котира селекторот на Швајцарија, Владимир Петковиќ.
Се шпекулира дека спортскиот директор Масимо Мирабели веќе разговарал и го опипал теренот за можноста.
Имено, Масимо Мирабели оваа недела беше во Лисабон за дуелот помеѓу Португалија и Швајцарија и официјалната приказна е дека тој бил да ги „собере“ Андре Силва и Рикардо Родригез со приватен авион.
Но поранешниот директор на Наполи и Аталанта, Пјерпаоло Марино кој е добро упатен во фудбалските случувања, вели дека Масимо Мирабели имал и друга агенда.
„Од она што јас го слушнав, Мирабели се сретнал со Петковиќ во Португалија“ – вели Марино.
„Зар не ви изгледа чудно тој да отпатува за Лисабон со приватен авион само за да ги врати Андре Силва и Рикардо Родригез во Милано?“