Серџо Консеисао стартуваше со победа на клупата на Милан и тоа над Јувентус во полуфиналето од Суперкупот на Италија, росонерите со пресврт во второто полувреме славеа со 2-1.
Денешниот меч против Јувентус беше прв на клупата на Милан за Серџо Консеисао, се очекуваше тој да игра против својот син, но Мота го остави Франсиско на клупата.
Мечот почна одлично за Јувентус, старата дама поведе во 21. минута со гол на Јилдиз. Предноста ја одржуваше долго во мечот.
Резултатот го промени Пулишиќ во 71. минута кога погоди со шут од пенал, Милан изедначи на 1-1.
Пет минути подоцна Гати си постигна несреќен автогол за комплетен пресврт и победа на Милан од 2-1.
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 1-1 AC Milan | Pulisic
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 3, 2025
PULISIC HAS EQUALIZED IN THE 71ST MINUTE FOR AC MILAN!pic.twitter.com/r978oqhi6P
🚨🇮🇹 GOAL | Juventus 1-2 AC Milan | Federico Gatti (OG)
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) January 3, 2025
OWN GOAL FROM FEDERICO GATTI !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/3gzJayYVqt