Милан со гостинска победа ја почна новата година! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Милан со гол на Рафаел Леао во второто полувреме го победи Каљари со 1-0 во првиот меч од 2026 година.

Росонерите не блескаа во првиот дел, но одиграа сосема солидно во вторите 45 минути од дуелот на Сардинија.

Веднаш во второто полувреме Милан нападна, а таквата игра брзо вроди со плод, во 50. минута Рафаел Леао постигна гол за водство од 1-0, што значеше и победа.

На овој меч за Милан дебитираше новото засилување Филкруг кој во игра влезе во 69. минута.

Сега Милан е на првото место на табелата, о Интер допрва треба да го игра својот меч од ова 17. коло.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×