Милан со две аматерски реакции си пресуди сам против Торино, еден час за Елмас (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање
Торино

Торино со 2-1 го совлада Милан и ја продлабочи кризата на „росонерите“, нашиот Елиф Елмас беше статер за „биковите“ и одигра еден час.

По шокантната елиминација во Лигата на шампиони, избраниците на Консеисао разочараа и на гостувањето кај Торино во Серија А.

Со две аматерски реакции Милан си пресуди сам, па „биковите“ се радуваа на победа од 2-1.

Домаќините поведоа по пет минути игра, Мењон и Чао не се разбраа најдобро и падна смешен автогол откако обидот на голманот да расчисти заврши во телото на дефанзивецот и топката се одби право во мрежата.

Пулишиќ промаши пенал за 1-1 по половина час игра, но Милан успеа да стигне до изедначување, Рајандерс ги врати гостите во игра во 74. минута.

Но само две минути подоцна, „росонерите“ дозволија Санабрија брзо да изведе еден слободен удар додека одбраната на противникот не беше наместена а Гинетис прецизно биеше по земја за 2-1 и огромна радост на Торино.

Нашиот Елиф Еламс беше стартер на овој натпревар и на теренот помина еден час.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани