Милан смета дека добива сопки од судиите во трката за Скудетото, дали беше оштетен против Парма?

by bojan
1 минути читање

„Росонерите“ повторно се разочарани од судиските одлуки и сметаат дека тие влијаат во трката со Интер за Скудетото, според нив имало две спорни ситуации на синоќешниот натпревар против Парма.

Во таборот на Милан беа бесни на судиите по натпреварот со Комо, па имале телефонски разговор со Асоцијацијата на судии (АИА) за да ги известат дека оваа сезона има голем број на грешки на нивна штета.

Но само неколку дена подоцна, на Сан Сиро повторно се разочарани од судиските одлуки.

Парма вчера со 0-1 славеше во Милано и го остави Милан на -10 во однос на Интер, но „росонерите“ сметаат дека судиските одлуки влијаат врз трката за Скудетото.

Според Милан, имало две спорни ситуации на синоќешниот натпревар, првиот е несудениот пенал по сударот на голманот Корви со Луфтус Чик, по кој Англичанецот заработи фрактура на вилицата и ќе мора да биде опериран.

Вториот е голот на Парма, судијата во прв момент го поништи, но потоа со помош на ВАР истиот беше признаен. „Росонерите“ веруваат дека немало очигледна грешка и ВАР воопшто не требал да се замеша, со оглед на тоа дека бил санкциониран блокот на Валенти врз голманот Мењан.

Најголемиот број на стручни коментатори и поранешни судии кои го анализираа мечот, се сложуваат со Милан само за втората ситуација, односно дека не требал да важи голот, зошто Валенти навистина го блокирал Мењан, судијата Пичинини не направил очигледна грешка и ВАР не требал да се замеша.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×