Милан си ја призна грешката со капитенот, ќе го направи најплатен во тимот

by bojan
1 минути читање

Неколку извори од Италија пренесуваат дека Мајк Мењан ќе стави потпис на нов договор со Милан и ќе стане еден од најплатените во тимот, заедно со Рафаел Леао.

„Росонерите“ си ја признаа грешката со Мајк Мењан, голманот летоска беше на чекор до заминување, но сега ќе стави потпис на нов договор и ќе стане еден од најплатените во тимот.

На почетокот од 2025, двете страни преговараа за нова соработка, постигнаа вербален договор, но Милан се пишмани по неколку слаби партии на Французинот, па ги промени условите и на маса стави пониска плата (околу 4 милиони евра по сезона).

Мајк Мењан се налути, па побара да биде продаден на Челси, и малку фалеше летоска да се реализира една ваква зделка.

За ова виновен беше тренерот Макс Алегри, кој инсистираше голманот да остане, плус му ја даде и капитенската лента.

На Мајк Мењан му се допадна пристапот на Макс Алегри, одговори со одлични изданија на голот и желба да го обнови договорот.

Па Милан сега му нуди плата од 5 милиони евра, плус додатни бонуси од 2 милиони евра (дел се лесно остварливи, дел потешко), со што ќе го изедначи со Рафаел Леао, и двајцата ќе бидат најплатени на Сан Сиро.

Се очекува двете страни во следниот период да си подадат рака и да пристигне официјална потврда за новиот договор на Мајк Мењан.

ФОТО: X/AC Milan

Можно е и ова да ти се допаѓа

×