Медиумите од Италија пренесуваат дека Милан начелно се договорил со Никлас Филкруг од Вест Хем, но Игли Таре продолжува да работи и да опипува терен за поатрактивни опции.
„Росонерите“ сакаат да ангажираат нов напаѓач во зимскиот преоден рок, на листата со желби има неколку имиња, а како што велат последните информации, начелно е постигнат договор со Никлас Филкруг.
Милан се сложил да ја покрие платата од вторите шест месеци во износ од околу 1,5 милиони евра, а Германецот ги известил своите агенти да ги стават на стенд-бај преговорите со сите останати клубови.
Клубот од Сан Сиро сега ќе треба да пронајде и дил со Вест Хем за позајмица до крајот на сезоната.
Но Игли Таре нема тука да застане, спортскиот директор ќе продолжи да работи и да опипува терен за ангажман на поатрактивна опција.