Милан сака летоска да реализира „бомба“ и да го ангажира Пеп Гвардиола за нов тренер

by bojan
1 минути читање
Гвардиола

„Росонерите“ сонуваат за ангажман на звучно име за нов тренер, Пеп Гвардиола е големата желба на клубот од Сан Сиро.

Генералниот извршен директор на Милан, Џорџо Фурлани во Лондон се сретна со Фабио Паратичи, кој е пикиран од „росонерите“ како главен кандидат за позицијата спортски директор.

На состанокот биле дискутирани и плановите за следната сезона, нодносно за името на наследникот на Сержо Консеисао.

Фабио Паратичи го предложил Роберто Де Зерби за нов тренер, поради атрактивниот стил на игра кој го негува стратегот, како и неговото минато со клубот од Сан Сиро.

Но како што пренесува Кориере дела Сера, било споменато и името на Пеп Гвардиола.

Се чини дека една ваква зделка во моментов е практично невозможна, но ова покажува дека Милан има големи амбиции за во иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани