Милан сака да го задржи Феликс и наредната сезона, но без да го откупи

by Стефан
1 минути читање

Португалецот Жоао Феликс одигра само два натпревари за Милан, но тоа беше доволно за веќе да се најавува дека Милан сака да го задржи.

Во редовите на Милан, Феликс пристигна на позајмица од Челси во трансфер кој беше реализиран во последните часови од зимскиот преоден рок. Првенецот во дресот на Милан го постигна на дебито во италијанскиот куп против Рома (3:1).

Милан за позајмицата на Челси до крајот на сезоната му плати 5.5 милиони евра, а сега се најавува дека сака да ја продолжи позајмицата и наредната сезона. Медиумите во Италија пренесуваат дека за тоа би требало да платат околу осум милиони евра.

Ќе потсетиме, Феликс договорот со Челси го врзува до јуни 2031 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани