Милан сака да го има Калиниќ за дуелот со Шкендија

by
1 минути читање

Повеќето италијански медиуми објавија дека трансферот на Калиниќ во Милан е речиси договорен, тој на Сан Сиро ќе пристигне за 25 милиони евра плус 5 милиони евра во бонуси.

Првичните вести беа дека трансферот на Калиниќ ќе биде комплетиран во четврток и тој ќе се најде на трибините за дуелот со Шкендија.

Но, Скај Спорт Италија сега пишува дека Милан брза да го регистрира порано со цел во четврток тој да биде на клупата за резервни играчи.

Тешко е за верување дека Калиниќ ќе има минутажа против Шкендија, неговото деби се очекува да биде во недела против Кротоне во првото коло од Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани