Милан сака да донесе голема ѕвезда од Реал Мадрид

by
1 минути читање

Актуелниот освојувач на Златната топка, Лука Модриќ е цел на Милан. Претставници на Милан се сретнале со неговиот агент на разговор околу можноста за трансфер.

По освојувањето на Златната топка, Модриќ како и голем дел од останатите играчи на Реал Мадрид имаше пад во формата. Некои велат дека тој би можел да го загуби статусот на стартер во новата сезона.

Од идејата на Зинедин Зидан ќе зависи дали Милан може да дојде до потписот на Модриќ кој е фан на росонерите. Доколку тој останува клучен дел од составот на Зизу, тешко дека италијанскиот клуб ќе може да го ангажира.

Бобан кој се врати во Милан е сонародник и пријател со Лука Модриќ па нема да биде многу тешко да се убеди фудбалерот да потпише, но клучниот збор го има Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани