Италијанскиот
прволигаш Милан е заинтересиран за српскиот напаѓач од редовите на Реал Мадрид,
Лука Јовиќ, кој не се прослави во дресот на шпанскиот гигант по неговиот
трансфер изминатото лето од Ајнтрахт Франкфурт.
Српскиот
интернационалец „настрада“ во Реал Мадрид по трансферот вреден цели 60 милиони,
всушност многумина и предвидоа такво сценарио, а се верува дека челниците на
Милан веќе пријавиле интерес за ангажман на 21 годишниот напаѓач.
„Тутоспорт“
објави дека Милан посакува да го ангажира Јовиќ уште во јануарскиот преоден
рок, но, на позајмица до крајот на актуелната сезона, со што „Росонерите“
посакуваат големо засилување во нападот.
Јовиќ досега
забележа 11 настапи за Реал Мадрид во сите конкуренции, каде успеа да постигне
само еден погодок.