247
„Росонерите“
издвојуваа важна победа во битката за местата кои водат во Лигата на
шампионите. Избраниците на Гатузо со 1-0 славеа против Лацио, еден од
директните конкуренти за топ четири пласман.
Клучниот момент
се случи во последните десетина минути од мечот, кога Дурмиши наивно го собори
Мусакио во шеснаесетникот а Кеси погоди од белата точка.
Лацио до
последниот момент се обидуваше да се избори за реми, но не го загрози посериозно
голот на Рејна. Гостите бараа пенал во судиското надопонување за еден старт на
Родригез врз Милинковиќ Савиќ но судијата Роки категорично одмавна а не се
огласи ниту ВАР.