Милан преговара за три играчи на Жорге Мендеш, едниот е Диего Коста

by
1 минути читање

„Скај Спортс“ инфомира дека веќе некое време Милан преговара со агентот на Диего Коста, Жорге Мендеш за ангажман на фудбалерот.

Директорите на Милан, Марко Фасоне и Масимилијано Мирабели имале состанок со Мендеш во Кардиф пред финалето од Лигата на шампионите, а оваа недела ќе имаат уште една средба.

Милан се интересира за три играчи на Жорге Мендеш, покрај Диего Коста тие ги сакаат и напаѓачот на Порто, Андре Силва како и фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Хамес Родригез.

Диего Коста синоќа изјави дека добил порака од Конте во која тренерот му вели дека нема да смета на него за следната сезона.

Тој не може да се врати во Атлетико Мадрид поради забраната на трансфери на овој клуб, една од опциите е преселба во Кина, а ако остане во Европа, Милан е сериозна варијанта.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани