737
Eкипата на Милан иако имаше предност на полувремето од 0:1 на крајот сепак си замина со пораз од гостувањето кај Болоња со 2:1.
„Росонерите“ први стигнаа до водство со голот на Рафаел Леао во финишот од првиот дел и на пауза заминаа со предност.
Сепак, само што започна вториот дел Болоња дојде до израмнување, додека за конечен пресврт се погрижи Ндојде во 82. Минута. Медиумите во Италија најавуваат дека поради овој пораз може да дојде до нова тренерска смена и отказ за тренерот Консеисао.