90
Милан направи голема реконструкција на тимот ова лето, беа потрошени преку 200 милиони евра на девет нови имиња.
До крајот на трансфер пазарот би можел да пристигне уште еден играч од светска класа, но Андреа Пирло не очекува „росонерите“ да се замешаат во трката за титулата.
„Мислам дека Милан нема да се бори за Скудетото“ – вели поранешниот играч на „црвено-црните“.
„Кога почнувате од нула и ќе купите 10 играчи, можат да бидат добри колку сакате, ќе ви биде тешко веднаш да победувате“.
„Треба да ги вклопите на теренот и да играат заедно. Пред Монтелa е тешка но возбудлива работа“.
„Мислам дека целта е да се обезбеди настап во Лигата на шампионите“.