Милан подготвува амбициозен план за зимскиот преоден рок и како главна цел го постави Роберт Левандовски. Според „Калчомеркато“, клубот размислува да и предложи на Барселона размена во која би го понудил Кристофер Нкунку, а полскиот голгетер би се преселил на „Сан Сиро“.
Дополнителен елемент е тоа што Пини Захави ги застапува двајцата фудбалери, што би можело да ја олесни потенцијалната зделка. И покрај тоа, Милан не се откажува. „Росонерите“ се борат за Скудетото и веруваат дека Левандовски може да биде клучен играч во трката за титулата, особено по доброто искуство со Лука Модриќ кој пристигна летово. Дополнителен аргумент е сѐ поголемата минутажа на Феран Торес во Барселона, што Милан сака да го искористи за да го убеди Полјакот во трансфер.
Сепак, Барселона треба да прифати да го пушти искусниот напаѓач и за возврат да добие играч кој сериозно се мачи и игра на ниско ниво. Нкунку сезонава за Милан одигра 12 натпревари и даде само еден погодок, ама не личи ниту на бледа сенка на играчот кој блескаше во РБ Лајпциг.
Повредите кои ги доживеа во Челси влијаеа за сериозно да падне неговата форма и самодоверба, па би било интересно да се види дали Барселона би прифатила таква замена.