Милан подготвува бомба за крај на трансфер пазарот, го купува Милинковиќ Савиќ!?

by
1 минути читање

„Росонерите“ оваа
недела веќе ги ангажираа Тимуе Бакајоко, Саму Кастиљехо и Диего Лакстал и се
чинеше дека со ова Леонардо го комплетираше составот за новата сезона.

Но доцна синоќа
почнаа да кружат гласини дека Милан во последниот ден ќе се обиде да донесе
ново име и тоа ќе биде бомба. Финансискиот весник „Ил Соле 24 Оре“ пренесе дека
клубот од Сан Сиро го договорил Сергеј Милинковиќ Савиќ и постигнал согласност
со Лацио за едногодишна позајмиц вредна 40 милиони евра и опција следното лето
да го купат Србинот во целост.

Утрово на оваа
сторија се надоврзаа и „Газета дело Спорт“ и „Тутоспорт“, но и двата весника
пишуваат дека Милан е далеку од СМС бидејќи нуди играчи во замена (Бонавентура
и Борини) додека пак Лацио инсистира само на кеш.

Калчомеркато пак
пренесува дека Милан резервирал медицински прегледи за денеска во клиниката Ла
Мадонина, но се уште е непознато за кој играч станува збор.

Покрај името на
Сергеј Милинковиќ Савиќ се шпекулира и со Адриен Рабио од ПСЖ и Даниеле Басели
од Торино.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×