Милан под притисок решил да не го ангажира Фабио Паратичи?

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан веќе некое време е во потрага по спортски директор, а изборот падна на Фабио Паратичи. Поранешниот оперативец на Јувентус и Тотнем има суспензија до јули и тоа беше една од пречките.

Во последната седмица се оладија односите на релација клуб-директор, па постојат различни теории зошто е тоа така. Едната верзија вели дека „росонерите“ не сакаат да чекаат спортскиот директор да се фати за работа на крајот на јули пред почетокот на сезоната. Се верува дека проблем биле и одредени клаузули кои Милан сакал да ги вметне во договорот за да се заштити.

Третата и најскандалозна причина дојде од некои италијански новинари вели дека Италијанската Асоцијација на Спортски директори (АДИСЕ) го притиснала Милан да не се одлучи за Паратичи. Симптоматично е што на оваа организација претседател ѝ е Џузепе Марота (претседател на Интер).

Сега за ситуацијата реши да се огласи и Асоцијацијата на Спортски директори со демант.

За информациите кои се проширија во јавноста, Италијанската Асоцијација на Спортски директори категорично негира дека испратила протестно писмо до ФИГЦ за потпишувањето на Фабио Паратичи и Милан. Асоцијацијата немала никакви комуникации со институциите и е без коментар за ситуацијата. Сите вести на оваа тема се неосновани“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани