„Росонерите“ повторно ќе тропнат на вратата на Адриан Рабио, но фудбалерот ќе мора да ги намали барањата за плата доколку сака да се пресели на Сан Сиро.
Милан планира да го обнови интересот за Адриен Рабио и да достави нова понуда за фудбалерот од средниот ред.
Исмаел Бенасер е на мета на Саудиска Арабија, и доколку замине, „росонерите“ ќе донесат ново засилување, Адриен Рабио е на врвот на желбите, заедно со Мануел Коне од Борусија Менхенгладбах.
Адриен Рабио на почетокот од летото веќе еднаш се поврзуваш со преселба на Сан Сиро, но тогаш Милан одби да ја даде платата која ја бараше играчот.
Французинот во Јувентус заработуваше околу 7 милиони евра годишно, па бара слична сума за да потпише.
Се шпекулира дека предлогот на Милан е плата од околу 5,5 милиони евра по сезона, па на потег е мама Вероника, кој се грижи за кариерата на Адриан Рабио, често знае да биде тежок човек за преговарање и ретко отстапува од барањата.