Милан по Мората ќе ангажира уште еден напаѓач, остварен контакт со две имиња

by bojan
1 минути читање
Мората

„Росонерите“ планираат да донесат две засилувања во нападот, едното ќе биде Алваро Мората а за второто кружат неколку имиња.

По заминувањето на Оливие Жиру, нов напаѓач стана приоритет на Милан ова лето.

Џошуа Зиркзе од Болоња беше идентификуван како примарна цел, но зделката пропадна откако агентот на играчот побара провизија од 15 милиони евра.

„Росонерите“ потоа се насочија кон други цели, и се верува дека се блиску до ангажман на Алваро Мората од Атлетико Мадрид, се очекува следната недела да биде клучна за реализирање на зделката.

Но Шпанецот нема да биде единственото ново име во нападот, Милан опипува терен за ангажман на уште еден голгетер.

Вчера се појавија информации кои велеа дека „росонерите“ се распрашувале за трансфер на Абрахам од Рома, а денеска неколку извори објавија дека бил остварен контакт со Никлас Филкруг од Борусија Дортмунд.

Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани