Милан планира да прибере 100 милиони од продажба на фудбалери, на острел ќе бидат ставени две ѕвезди

by bojan
1 минути читање

Без настап во Лигата на шампиони, „росонерите“ планираат да приберат 100 милиони евра од продажба на фудбалери, на листата за отстрел има и звучни имиња како Тео Ернанде и Фикајо Томори.

Иако се уште не е јасно кој ќе биде новиот спортски директор на Милан и кој тренер ќе седне на жешкото столче на „Сан Сиро“, практично е сигурно дека летоска ќе има големи промени во играчкиот кадар.

Како што пренесува Газета дело Спорт, „росонерите“ планираат да приберат 100 милиони евра од продажба на фудбалери.

На листата за отстрел има и две звучни имиња како Тео Ернандез и Фикајо Томори, кои оваа сезона играат под своите очекувања.

На излезна врата се и играчи како Јунус Муса, Самуел Чуквезе, Рубен Лофтус Чик и Емерсон Ројал.

Се очекува Јувентус во целост да го купи Пјер Калулу, а истото да го стори и Марсеј со Исмаил Бенасер, но има многу прашалници околу ситуацијата на Ноа Окафор, Јасин Адли, Томасо Побега, Лоренцо Коломбо и Алексис Салемакер.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани