Eкипата на Милан е блиску до комплетирање на трансферот на Кајл Вокер кој треба да пристигне од редовите на Манчестер сити, но тој можеби нема да биде единствениот фудбалер од Премиер лигата кој во овој преоден рок ќе заврши во Милано.
Имено, според последните информации на медиумите „росонерите“ покажале интерес за ангажман на Португалецот Жоао Феликс.
Феликс во редовите на Челси пристигна изминатото лето за 52 милиони евра, меѓутоа засега не ги оправда вложените средства. Португалецот постигна само еден гол и додаде една асистенција на 11 натпревари во кои во главно добиваше шанса од клупата.
Во Милан, Феликс би пристигнал како замена за Лука Јовиќ кој е на излезни врати од „Сан Сиро“.
Ако се реализира овој трансфер тоа тогаш би бил уште еден во низата помеѓу овие два клуба, а последните беа: Лофтус Чик, Томори и Пулишиќ.