136
Медиумите од Италија вчера пренесоа дека трансферите на Леонардо Бонучи и Лукас Биља висат во воздух бидејќи Милан не може да ги достави потребните гаранции.
„Росонерите“ побарале од спонзорот Банко БПМ да даде банкарска гаранција, но добиле негативен одговор.
Сепак, последните информации велат дека проблемот е решен и Милан ги доставил банкарските гаранции.
Па двајцата фудбалери своите први официјални настапи за Милан ќе може да ги имаат против Шкендија во плејофот од Лига Европа.