Милан носи засилување од 50+ милиони евра, Бобан го договорил Анхел Кореа

by
0 минути читање

Анхел Кореа ќе биде големото засилување за Милан ова лето. Директорот Бобан е во Мадрид, преговорите се во напредна фаза и се пеглаат деталите.

Медиумите од Италија пренесуваат дека начелно е постигнат договор за трансфер од 50+ милиони евра. Се верува дека „росонерите“ за услугите на Аргентинецот ќе треба да платат 40 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во лесно остварливи бонуси со што на Атлетико практично ќе му бидат  гарантирани 50 милиони евра.

Ќе има и додатни бонуси од 7 милиони евра кои сепак ќе бидат малку потешки за остварување.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×