Милан немоќен против Рома, гостите убедливи на Сан Сиро (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Во последниот
натпревар од 35. коло во Серија А, „Волчицата“ триумфираше на Сан Сиро.

Резултатот го
отвори Еден Џеко во 8. минута. Босанецот биеше неодбранливо од врвот на
шеснаесетникот за 0-1.

Истиот играч
зголеми на 0-2 во 28. минута. Напаѓачот скокна највисоко по еден корнер од
левата страна и одново го матираше Донарума.

Пашалиќ намали на
1-2 во 76. минута, но само 120 секунди подоцна, Ел Шарави ја врати предноста од
два гола на Рома.

Точка на натпреварот стави Де Роси од пенал во 87. минута.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани