1,2K
Италијанскиот гигант Милан ќе прави промени во своите структури и тоа среде сезона.
Клубот во моментов нема спортски директор, веќе некое време се лицитира со имиња и се најавува можното решение. Моментално делумно улогата ја врши Џофри Монкада, кој всушност е директор на скаутинг службата.
Како главна желба на „росонерите“ се споменува Фабио Паратичи кој е екс-директор на Јувентус и Тотнем. Сепак, тој има суспензија до лето и нема да може да дојде веднаш.
Освен него се споменува Андреа Берта (човекот кој го креираше овој Атлетико), а во игра се Игли Таре (Лацио) и Фрасоа Модеста (Нотингем Форест, Монца).