Милан не мирува, до крајот на неделава пристигнува новото засилување

by
1 минути читање

Познато е дека
Хрватот од редовите на Фиорентина, 29 годишниот напаѓач Никола Калиниќ беше
голем приоритет за тимот од Милано овој летен трансфер период.

Медиумите во
Италија пишуваат дека Хрватот има нескриена желба да го облече дресот на Милан,
па така се поизвесно е дека до крајот на оваа тековна недела треба да се
договорат сите детали во однос на овој трансфер.

Очекувањата се
Фиорентина да прифати помеѓу 20 и 25 милиони евра обештетување за својот
фудбалер.

Калиниќ би бил
второто засилување за Милан во нападот ова лето, по 21 годишниот Португалец
Андре Силва кој за 32,3 милиони евра пристигна од Порто. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани