По новиот генерален директор на клубот, Марко Фасоне, од Интер пристигна и новиот спортски директор на клубот, Масимо Мирабељи.
„Милан сака да соопшти дека го именува г-дин Масимо Мирабељи за нов спортски директор. Клубот сака да му посака добредојде на г-дин Мирабељи и да му посака успешна работа“ – стои во соопштението на Милан.
Мирабељи од 2014 година беше задолжен за скаутингот на фудбалери во Интер. Тој често патуваше во Јужна Америка и Европа во живо да ги следи трансфер целите кои ги имаше зацртано. Муриљо, Перишиќ, Габигол и Брозовиќ се само дел од неговите предлози кои Интер ги ангажираше.
Генералниот директор Фасоне добро го познава Мирабељи со кои заедно работеа во Интер и смета дека токму тој би бил идеалниот човек за позицијата спортски директор во Милан.