Милан на погонот на Пулишиќ до триумф кај Удинезе (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Милан ја продолжи победничката серија во Серија А и дојде до трета победа во низа, откако на „Фриули“ без многу мака го совлада Удинезе со убедливи 0-3. Херој на „росонерите“ беше Кристијан Пулишиќ кој блесна со два гола и една асистенција.

Првата сериозна шанса ја имаше Сантијаго Хименез, но Сава одбрани. Во 40. минута Кристијан Пулишиќ го отвори резултатот откако најдобро реагираше на одбиена топка и донесе водство за гостите.

На почетокот од второто полувреме Милан брзо ја удвои предноста. Борбениот Пулишиќ ја одзеде топката од дефанзивец и му асистираше на Фофана кој погоди за 0-2. Само неколку минути подоцна Американецот повторно се најде во главна улога. Рабио одлично го пронајде во контра, а Пулишиќ со прецизен удар ја затресе мрежата за 0-3.

До крајот гостите ја имаа целосната контрола, не дозволија опасности пред својот гол, а во неколку наврати можеа и до повисока победа. Милан по четири кола има девет бода и е на третото место, додека Удинезе со два помалку се наоѓа на шестата позиција.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×