Милан му врачил отказ на Бобан поради „вина на работникот“, Хрватот нема да добие обесштетување

by
1 минути читање

Иван Газидис покажа
кој е главен во Милан, генералниот извршен директор му „удри клоца“ на Звонимир
Бобан.

Хрватот минатата
недела во разговор со Газета дело Спорт се пожали дека Иван Газидис им работи
зад грб, односно се обидува да го донесе Ралф Рангник како нов тренер и
спортски директор без да се консултира со него и Паоло Малдини.

На почетокот од оваа недела, Иван Газидис се сретна со Звонимир Бобан за да го извести дека
вакво однесување нема да биде толерирано и интервјуто со ГдС ќе значи крај на
неговиот престој на Сан Сиро.

Токму Газета дело
Спорт сега објави дека Милан ја прекинал соработката со Звонимир Бобан.

Хрватот
синоќа добил писмо во кое се наведени причините. Отказот е поради „вина на
рабоникот“, односно прекршување на политиката на клубот бидејќи интервјуто не
било авторизирано, плус биле кажани зборви кои го дестабилизираат клубот, па Звонимир
Бобан нема да добие обесштетување.

Сега останува само уште „росонерите“ да
испратат официјално соопштение за „разводот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×