Милан може да плати богатство за позајмицата на Камарда во Лече

by bojan
1 минути читање
Милан може да плати многу за позајмицата на Камарда во Лече

Милан го испрати младиот Франческо Камарда на позајмица во Лече, а доколку напаѓачот блесне во дресот на „џалоросите“, клубот од Сан Сиро ќе треба да плати богаство.

Милан го испрати својот голем талент, Франческо Камада на позајмица во Лече во зделка која може да ја наполни касата на клубот од југот на Италија.

Како што пренесува Спортмедиасет, Милан сака младиот напаѓач да добие што е можно поголема минутажа, па за го стимулира Лече да му даде што е можно повеќе шанси, ги стимулира „џалоросите“ со серија бонуси.

За секој настап на Франческо Камарда, ќе бидат исплатени 75.000 евра, додека пак секој гол на момчето ќе значи бонус од 100.000 евра.

Франческо Камарда во своето деби во дресот на Лече постигна хет-трик на пријателската против Бресаноне, па ако продолжи во ваков стил, Милан ќе треба да плати богатство.

Слична зделка има и помеѓу Џенова и Интер за позајмицата на Валентин Карбони, во овој случај „нероаѕурите“ ќе треба да платат бонуси од максимум од 1 милиони евра.

ФОТО: X/U.S. Lecce

Можно е и ова да ти се допаѓа

×