Пакета со трофеј се врати на подготовките во Милан откако со Бразил триумфираше на Копа Америка. Тој сака да освојува титули и со росонерите.
„Имаме одлични играчи и добро играме на подготовките. Заслужуваме Лига на шампионите, мора да се вратиме на победничките патеки играјќи добар фудбал“, вели Пакета.
„Мораме да целиме високо, не смееме да се задоволуваме со четврто или второ место. Нашата цел мора да биде првото место“.
„Гатузо ме научи многу. Тој беше многу успешен како тренер. Како тренер навистина ми помогна да се адаптирам, ме научи многу работи“.
„За мене, Џампаоло е професот. Тој има нови идеи и многу прецизно ги образложува“.
„Го промени нашиот стил на игра, и во нападот и во одбраната“.
Пакета е половина година во Милан, сака да одигра уште многу натпревари на Сан Сиро и да има успех во црвено-црниот дрес.
„Играњето на Сан Сиро е многу голема работа за мене. Кога го гледав мојот идол Кака таму, си мислев колку добро мора да е тоа“.
„Кога ги гледав играчите како играат таму, се замислував и јас како играм. Играњето на Сан Сиро е неверојатно и се надевам дека уште многу пати ќе го имам тоа задоволство“.
„Сите играчи кои играле за Милан биле големи работници. Се надевам дека и јас ќе бидам таков и ќе бидам победник со овој дрес“.
„Милан е голем клуб секаде во светот. Тие се референтна точка во Бразил. Кој играл за Милан е шампион. Тие се тим кој седум пати бил шампион на Европа“.