160
Хакан Чалханоглу
му ја донесе првата победа на Марко Џампаоло на кормилото на Милан. Турчинот во
12. минута од мечот доби топка на подалечната статива и со глава погоди за 1-0.
И покрај раното
водство, втор гол на Сан Сиро не падна. Бреша имаше добри прилики да изедначи
уште во првото полувреме, а Милан пропушти големи прилики во завршниот период
од мечот.
Пакета ја погоди
стативата, а Пјонтек се чудеше како не постигна гол кога топката се тркалеше по
гол линијата и голманот на Бреша во последен миг спречи таа со цел обем да
помине.