Скаути на Милан изминатиов викенд го следеле Петар Станиќ на средбата помеѓу Лудогорец и ЦСКА Софија, цената на 24 годишниот Србин е околу 10 милиони евра.
„Росонерите“ сакаат да пазарат во соседството, во бележникот на Милан е Петар Станиќ.
Се работи за 24 годишен фудбалер кој е роден во Србија, поседува и хрватски пасош, а блесна во Бугарија.
Црвена звезда не веруваше во неговите квалитети па го продаде за само 200.000 евра на ТСЦ Бачка Топола, клубот од Војводина две години подоцна го испрати во Лудогорец за десет пати повисока сума.
Блесокот на Петар Станиќ дојде токму во Бугарија, тој во моментов е најдобар стрелец во Лига Европа со седум погодоци (го дели првото место со Игор Жесус од Нотингем Форест), па е следен од неколку клубови како Севиља, Бетис и Аталанта.
Скаути на Милан во саботата го скенирале на дербито помеѓу Лудогорец и ЦСКА Софија и биле задоволни од она што го виделе.
Се шпекулира дека неговата цена е околу 10 милиони евра, една од најскапите продажба за клубот од Разград.
Петар Станиќ е офанзивен фудбалер од средниот ред со одлична техника, кој одлично може да се снајде на сите позиции во форот.
ФОТО: fb/PFC Ludogorets 1945