Милан со убедливи 3-0 го победи Лече во Купот на Италија, росонерите се пласираа во осминафиналето каде ќе играат против Лацио.
Алегри на денешниот натпревар го одмори Модриќ, направи некои промени, но и со нив Милан беше доминантен.
Големо олеснување за росонерите се случи во 18. минута кога Сиберт заработи црвен картон.
Две минути подоцна Хименез го искористи тоа и му донесе водство на Милан од 1-0.
По шест минути игра во второто полувреме Нкунку погоди за 2-0, а конечните 3-0 беа дело на Пулишиќ во 64. минута.
Денеска се одиграа уште два натпревари од Купот на Италија, Удинезе со 2-1 славеше над Палермо, а Каљари со 4-1 беше подобар од Фросиноне.
😍 GOAL CHRISTOPHER NKUNKU! Saelemaekers with the cross 🎯
— SempreMilan (@SempreMilanCom) September 23, 2025
pic.twitter.com/RlQoxBHzK0